Тешка сообраќајка во Тетово - Четири лица повредени

Четири лица, две машки и две женски, биле тешко повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 14 часот и 30 минути се случила на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци патничко возило „Форд ескорд“ со тетовски регистерски таблици од засега неутврдени причини загубило контрола, излетало од коловозот, удрило во дрвен електричен столб (бандера), а потоа и во изложен простор на трговска фирма односно дуќан.
Четворицата повредени по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница итно биле префрлени на скопските клиники. По увидот што по овластување го изврила екипа на СВР Тетово поточно ќе се утврдуваат причините за несреќата, кој го управувал возилото и се друго поврзано со истата. Во несреќата причинета е и значителна материјална штета на возилото и трговскиот изложен простор.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
