Македонија
10. August 2020 - 11:22

Тешко повреден 31-годишен маж, со трактор се излизгал од патот и паднал во дол

На 09.08.2020 во 07.30 часот било пријавено дека на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В.(31) од с.Бориево, управувајќи трактор со приколка, се излизгал од патот и паднал во дол. С.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

На местото на незгодата излегле полициски службеници од СВР Струмица.