Македонија
15. August 2020 - 11:05

Тешко повреден пешак откако бил удрен од автомобил

На 14.08.2020 во 14.40 часот на крстосница од ул. „Козјак“ и ул. „Караорман“ во Битола, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(48) од Битола, удрило во пешак Х.Р.(61) од Битола.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во Клиничка болница Битола, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Битола.