Македонија
12. February 2021 - 11:30

Тешко повреден пешак во Куманово откако бил удрен со автомобил

На 11.02.2021 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Сава Ковачевиќ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(44) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(55) од Куманово. Во незгодата, С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.