-->
-->
Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена
-->

Струмичанец бил тешко повреден, откако возилото што го управувал излетало од патот кај кавадаречкото село Марена, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 10:50 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, во близина на село Марена, кавадаречко, патничко возило „гели“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од Струмица, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
-

И во Кочани протест со палење гуми поради одземање на возила од полиција
-

Одземени возила од полицијата - причина за блокада на обиколницата над Битола
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
