Џет-Сет
5. December 2017 - 21:34

Тијана ја откри тајната: Никогаш не се покајав за тоа

Познатата пејачка овие денови ја гледаме на шоу програмот од хуманитарен карактер „Твоето лице звучи познато“. Тијана Дапчевиќ открила што било тоа што пред 17 години во целост го променило нејзиниот карактер.

-Мислам дека е најлудо тоа што ја променив државата поради љубов, но никогаш не се покајав за тоа. Тоа беше пред 17 години и тоа го сметам за најголема лудост. Да се разбереме, тоа е на 400 километри од овде. Немав претерано голем проблем да се вклопам. Единствено е тоа што ми недостасуваат родителите и внуката – вели пејачката.