Тинк Тенк форум во Скопје: ЕУ не успеа доволно да се ангажира во мигрантската криза

Мигрантите од Сирија беа намамени од лажни ветувања, но и Европската унија не успеа да исполни дел од ветувањата кон Турција. Ова се размислувањата на дел од панелистите на Тинк Тенк форумот во Скооје, организиран во рамките на заедничкото претседателство на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес. Според Криштоф Бендер од Европската иницијатива за стабилност, ЕУ не успеа доволно да ангажира во целиот мигрантски процес, што ја прави разбирлива фрустрираноста на Турција. Бендер е убеден дека доколку нема договор во брзо време, најголем губитник ќе биде Западен Балкан, но и Грција, која се обидува да ги заштити портите на Европа. На денешниот втор ден од Тинк Тенк форумот предвидени се уште три панели на кои ќе се разговара за безбедносните закани, владеењето на правото, како и за иднината на Европа. Денот ќе заврши со завршни заклучоци на овие теми од страна на министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговата колешка од Бугарија Екатерина Захариева.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад
-

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид
-

Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
-

Фудбалската асоцијација на Ирска ја повлече својата поддршка за реизборот на Инфантино
-

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро
-

Скопјанец пронајден мртов во својот дом, полицијата ги утврдува околностите
