Loading Video...
Кошарка
11. February 2020 - 18:11

Тодоров го објави списокот за стартот на новиот квалификациски циклус

Александар Тодоров новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија го објави списокот на играчи со кои ќе го започне новиот квалификациски циклус. 
 
На списокот на Тодоров се 15-мина кошаркари на кои ќе смета за време на мини подготовките, а потоа и натпреварите во февруарските квалификации за ЕП 2021-ва. 
 
Петмина од нив се кошаркари на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром, но и поранешниот член на овој клуб Марко Симоновски кој во моментов е без ангажман. 
 
Од она што беше најавено како подмладување, во тимот се Андреј Јакимовски и Марко Миловановиќ кои настапуваат во Италија, а повратник во селекцијата е и Ненад Димитриевиќ кој има одлична сезона во шпанскиот Хувентуд, како и Шејн Витингтон кој треба да го замени Ричард Хенрикс кој настапи на последните натпревари
 
Неофицијално првиот тренинг селекцијата треба да го има во четврток, а првиот натпревар е во Скопје на 20 февруари кога во арената „Борис Трајковски“ ќе гостува Естонија (термин 20.15 часот). 
 
Само три дена подоцна (23. Февруари) македонските кошаркари ќе патуваат за далечниот Прем каде ќе се игра мечот против Русија (термин 16 часот) 
 
Во нашата квалификациска група е и Италија која е една од земјите домаќини на Евробаскетот зогодина. 
 
 
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
 
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)
Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)
Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)
Марко Симоновски
 
Селектор: Александар Тодоров