Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните

Сакам уште еднаш да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на македонските граѓани, затоа што со смирувањето на сообраќајот во Скопје директно придонесоа да се намали бројот на повредени лица кои се згрижувани во Центарот за трауматологија, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски говорејќи за резултатите од проектот „Безбеден град“ на промоцијата на 120 нови полициски возила.
Тошковски нагласи дека почитувањето на правилата значително се подобрило од почетокот на проектот, „Безбеден град“ што се одразило со драстично намалување на опомените и конкретно намалување на бројот на повредени лица.
Министерот објасни зошто системот информира на брзина од 50 км/ч, а не на 57 км/ч.
-Целта ни е да управуваме во рамки на дозволената брзина. На брзина од 30 км/ч – од 10 повредени лица гинат две, на брзина од 50 км/ч - од 10 повредени лица гинат осум, според светска статистика. Затоа повторно напоменувам, доколку ги почитуваме законите, спасуваме животи, истакна Тошковски.
Тој најави дека системот наскоро ќе биде адаптиран и јавноста ќе биде информирана за почетокот на казнувањето за прекршоците.
-За брзо време ќе ја известиме јавноста кога ќе започнеме со информација за казните, исклучиво за прекршоците кои ќе бидат предмет на санкционирање, додаде министерот.
Тошковски информираше дека возилата кои денеска беа промовирани нема да бидат користени во проектот „Безбеден град“.
-Овие возила засега не се планирани да бидат користени во рамки на детектирање на сообраќајни прекршоци од страна на паметниот систем за детектирање на сообраќајни прекршоци. За тоа имаме други возила коишто особено ќе треба да бидат насочени кон констатирање на сообраќаен прекршок, погрешно запирање и паркирање, појасни тој.
МИА
Ново на Сител
-

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар
-

Министерство за транспорт: Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат
-

Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
