Тошковски: Ценам дека ќе имаме уште едни демократски избори во Македонија

Ценам дека ќе имаме повторно уште едни демократски избори во Македонија, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање во врска со безбедносната ситуација во државата која се очекува во пресрет на претстојните локални избори.
По Меѓународната научна конференција во организација на Факултетот за безбедност - Скопје, Тошковски посочи дека во рамки на Министерството за внатрешни работи уште пред две-три недели е формирана оперативна акција „Избори 2025 година“ и нагласи дека се преземаат сите неопходни дејствија за подготовка на самиот изборен процес.
– Министерството за внатрешни работи уште пред повеќе од две-три недели има формирано оперативна акција „Избори 2025 година“. Активно работат службите, се преземаат сите оние дејствија за подготовка на самиот изборен процес и јас одржав еден состанок со Државната изборна комисија, на техничко ниво се одржани повеќе состаноци со ДИК, се подготвуваме и ги преземаме сите потребни чекори кои што се во наша надлежност. Од денешен аспект ценам дека ќе имаме повторно уште едни демократски избори во Македонија, рече Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
