Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека интерпелацијата што Левица ја поднесе за него, а е на дневен ред на денешната собраниска седница, е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата. Со неа, вели тој, Левица уште еднаш покажала дека, свесно или несвесно, станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ.
-Левица ја најави третата интерпелација против мене за помалку од две години. Како и претходните две и оваа повторно беше најавена преку режирана прес-конференција, повеќе со евтин политички настап отколку со суштински аргументи, напиша на својот фејсбук профил Тошковски по најавата на интерпелацијата од стана на Левица.
Според министерот Тошковски, интерпелацијата е демократско право на опозицијата и, како што вели, тој тоа право целосно го почитува.
-Ниту сум бегал, ниту ќе бегам од расправа. Напротив, аргументите ќе ги соочам таму каде што треба, во Собранието, јавно, пред сите пратеници и пред граѓаните. Таму секој ќе има можност да каже што мисли, а одлуката нека ја донесат избраните претставници на народот, согласно сопствената совест и одговорност. Но, исто така, не можам да премолчам нешто што одамна им е јасно на граѓаните. Левица уште еднаш покажа дека, свесно или несвесно, станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ. Истите тие партии против кои со години градеа имиџ на алтернатива и ветуваа поинаква политика, денес практично ги бранат преку напади кон секој што се обидува да воведе ред, одговорност и функционирање на системот, пишуваше тогаш Тошковски.
Како што нагласи, лесно е од опозициска клупа да се пишуваат интерпелации и да се држат прес-конференции, но многу потешко е да се води институција, да се носи одговорност, да се донесуваат одлуки и да се штити безбедноста на граѓаните.
-Луѓе кои никогаш не раководеле со институција, не управувале со буџет и не понеле реална одговорност, денес држат лекции за тоа како се води Министерството за внатрешни работи. Вистината е дека Левица го достигна својот политички максимум без зад себе да остави ниту еден конкретен резултат, ниту една реализирана реформа, ниту едно решено прашање. А сега, кога граѓаните сè појасно го препознаваат нивното вистинско политичко лице и кога нивната поддршка почнува да паѓа, единственото што им останува е агресивна политичка конфронтација и создавање вештачки кризи, стоеше во објавата на Тошковски на социјалните мрежи.
Според него, оваа трета интерпелација не е израз на грижа за државата, туку евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот, корупцијата и долгогодишната неказнивост која ја практикуваа нивните денешни партнери, затоа што, како што истакна, кога системот конечно почнува да функционира, најмногу се вознемируваат токму оние што со години профитирале од неговото нефункционирање.
-Не се напаѓа оној што е неважен, се напаѓа оној што менува нешто. Јас ќе продолжам да работам, ќе продолжам да се борам со аргументи и со резултати. А конечниот суд, како и секогаш, ќе го дадат граѓаните, напиша Тошковски во однос на интерлепацијата.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
-

Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
-

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
-

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ
-

ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи
