Тошковски: Со новиот модел на достава на лични карти во Скопје, дистрибуирани четири и пол пати повеќе лични карти
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти.
-Пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за достава така што граѓаните можат во било кое време да ја подигнат својата лична карта во подрачната полициска станица според местото на живеење, истакнува Тошковски во објава на Фејсбук.
Во тој контекст, како што посочува Тошковски, за само две недели доставени се вкупно 12476 лични карти, односно во просек по 891 дневно, што е четири и пол пати повеќе во однос на претходно кога за период од 50 дена (18.01.2024 - 09.03.2024г.) биле доставени 10100 лични карти, односно 202 дневно.
-Овие бројки покажуваат дека новата мерка која ја донесовме пред две недели, а која се темелеше врз основа на претходно направени анализи е исправна и дава одлични резултати, истакнува Тошковски.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред