Loading Video...
Фудбал
13. May 2022 - 10:39

Тотенхем останува во игра за Лигата на шампионите

Екипата на Тотенхем останува во трка за место што носи пласман во Лигата на шампионите следната сезона. 
 
Тотенхем го доби градското дерби против Арсенал со 3-0, во мечот што беше заостанат од 22-та рунда на Премиер лигата. 
 
Два од трите гола за Тотенхем ги постигнаа Хари Кејн во 22-та од пенал и 37-минута, додека третиот беше дело на Корејанецот, Сон во 47-минута. 
 
Со оваа победа и освоените бодови Тотенхем сега е на само еден бод помалку од Арсенал во битката за четвртото последно место што води во Лигата на шампионите. 
 
До крајот на сезоната остануваат уште две кола во кои Тотенхем треба да го одигра дуелите со отпишаниот Норвич и Барнли кој грчевто се бори за опстанок, додека Арсенал за противници ќе ги има Њукасл и Евертон кој исто така е во опасната зона за испаѓање.