Македонија
1. January 2022 - 10:21

Тозиевски ги посети дежурните служби во општината

Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски ноќеска ги посети дежурните екипи во Територијалната против пожарна единица, Итната медицинска помош, Одделението за внатрешни работи и полициските станици за гранична проверка и надзор „Стење“ и „Маркова нога“.

– Сакам да им се заблагодарам во мое лично име и во името на сите граѓани на Ресен и Преспа, на вработените во овие институции, за нивниот ангажман и професионалност за новогодишната ноќ да помине во најдобар ред, изјави Тозиевски.

На сите граѓани на општина Ресен во Новата година им посака многу незаборавни моменти на среќа, радост и успех заедно со најблиските.

На сите ви посакувам многу незаборавни моменти на среќа, радост и успех заедно со најблиските. Но пред се добро здравје пoчитувани мои сограѓани. Среќна и бериќетна нека ни биде годинава што доаѓа, истакна Тозиевски.