Македонија
28. September 2022 - 16:36

Трае потрагата по патниците од голфот кој вчера падна во водите на Вардар кај Желино

Нуркачи и денеска го пребаруваат коритото на Вардар, но засега без успех.

Спасувачките екипи се уште трагаат по возачот кој вчера попладне со автомобилот излета од мостот кај Желино и падна во водите на Вардар. Од МВР се уште не знаат по колку лица се трага, дали покрај возачот во автомобилот имало и други патници. Потрагата ја отежнуваат надојдените и заматени води на Вардар.

Голфот 4 со кумановски регистерски таблички вчера со помош на механизација беше извлечено од Вардар неколку часа по несреќата. Потрагата по возачот и евентуални патници ќе трае до крајот на денот, но и следните денови. Информациите дека зад воланот седело 22 годишно момче од Куманово, според полицијата засега се шпекулации.