Македонија
28. February 2021 - 19:46

Трае проблемот со охридската пастрмка

Состојбата со охридската пастрмка и понатаму е повеќе од загрижувачка .Неконтролираниот лов сериозно го загрози опстанокот на овој ендемски вид на риба во Охридското езеро а дополнителен проблем претставува и тоа што трета година по ред поради административни пречки нема вештачки мрест предупредуваат од Хидробиолошкиот завод.

Риболовот на црно на македонска и албанска страна од езерото е најголем атак врз пастрмката и причина за нејзино истребување а недостатокот на порибување според Спиркоски ќе доведе до деградација на целиот езерски жив еко систем.

Риболовот за вештачки мрест на охридска пастрмка се врши во периодот од 20 јануари до крајот на март. Според податоците од Хидробиолошкиот институт прекин на вештачкиот мрест имало во далечната 1942 и во 1998 година и за жал во последниве три години .