Трагедија на патиштата: Добил срцев удар зад воланот и починал
Во 15 часот и 50 минути на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помегу возила „Хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г. (56) од Кочани, возило „Опел Астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (29) од селото Нивичани, кочанско и возило „Шкода Фабија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В. од населбата Оризари.
Во незгодата на местото на настанот починал Ј.Г. кој управувал со возило „Хјундаи“. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полицијата од Кочани.
Бил извршен разговор со сопругата на починатиот која појаснила дека непосредно пред сообраќајната незгода најверојатно нејзиниот сопруг добил срцев удар и изгубил контрола над возилото, по што ја предизвикал сообраќајната незгода. Возачите се алкотестирани, при што не е утврдено присуство на алкохол во крвта, а додека на починатиот е земено крв за анализа.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб и над истото не е извршена обдукција.
Ново на Сител
-
Двајца гостиварчани лажно пријавиле дека доживеале сообраќајка
-
Кривична за двајца малолетници осомничени за насилство
-
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна
-
Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО