Трамп го претстави буџетот „Америка на прво место“

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави денеска нацрт буџет каде е предвидено зголемување за 54 милијарди долари за расходи за одбрана и соодветно намалување на расходите во Сејт департментот, неколку министерства, .Агенцијата за зачувување на животната средина и редица федерални програми.
– Тоа ќе биде буџет што ја става Америка на прво место и е приоритет број еден за безбедноста на нашите граѓани бидејќи без сигурност не може да има просперитет, изјави Трамп.
Средствата за МО се зголемени за 10 отсто до 639 милијарди долари. Базниот буџет е 574 милијарди долари плус 65 милијарди долари за воени операции во странство.
Зголемувањето е највисоко од времето на Реган во 80-те години на минатиот век.
Министерството за внатрешна безбедност ќе добие за 6,8 отсто повеќе средства – 44,1 милијарда долари меѓу кои и 1,5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико за оваа година. За идната се планирани дополнителни 2,6 милијарди долари.
Средствата за заштита на околината се намалени за 31 отсто, на Стејт департментот за 28 отсто...
Над 3.000 луѓе во Агенцијата за заштита на животната средина ќе ја загубат работата, а голем број програми за борба со климатски промени ќе бидат ликвидирани.
Предвидено е и намалување за 650 милиони долари за меѓународни организации како Светска банка. Финансирањето на Корпорацијата за јавна радио и телевизиска дифузија (Corporation for Public Broadcasting) кои помагаат финансирање на државно радио и телевизија е сведено на нула.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
