Трамп го прозва Бајден поради користење ливчиња за потсетување
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по повод снимката на која се гледа како неговиот наследник Џо Бајден користи ливчиња за потсетување за време на неодамнешната прес-конференција.
Трамп на Телеграм ја сподели видео снимката, која ја објави телевизиската мрежа „ОАН“ со коментар: „Можете ли да верувате? Не е чудно што нашата земја оди по ѓаволите“.
Станува збор за прес-конференцијата која Бајден ја одржа во Корнвел, во Англија, за време на самитот на Г7.
Медиумите пренесоа дека на ливчињата за потсетување се наоѓале одговори на евентуални новинарски прашања, меѓу кои и оние што се однесувале на Министерството за правда. Некои од подготвените одговори гласеле: „Трамп ги злоупотреби овластувањата“, „Сега ние тоа треба да го расчистуваме“, „Министерството за правда на Трамп е надвор од контрола“.
Инаку, тоа не е првпат Бајден да користи ливчиња за потсетување. Западните медиуми пренесуваат дека Бајден истите ги користел и на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, како и на својата прва прес-конференција во март.
Ново на Сител
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп
-
Претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа