Трамп: Нема да учествувам во републиканските дебати, луѓето веќе знаат кој сум
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера потврди дека нема да учествува на дебатите на Републиканската партија во рамки на изборот на претседателскиот кандидат на партијата, од кои првата треба да се одржи во среда.
„Јавноста знае кој сум и колку сум успешен како претседател, со енергетска независност, граници и силна војска, најголемо намалување на даноците и прописите, со нула инфлација, најсилната економија во историјата и многу други работи“, Трамп изјави на својата социјална мрежа.
„Затоа нема да учествувам во дебатите!“, рече тој, истакнувајќи дека на прелиминарните избори на Републиканската партија има 62 отсто поддршка, што е 46 процентни поени пред неговиот најсериозен ривал, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.
Рон ДеСантис „ќе падне како болна птица“, рече поранешниот претседател.
Пет месеци пред почетокот на изборите кои ќе одлучуваат за републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД во 2024 година, Доналд Трамп ја има најголемата поддршка од неговата база досега. Но, судските скандали фрлаат сенка на неговиот обид да се врати во Белата куќа.
Ново на Сител
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово
-
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети
-
Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска
-
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград