Свет
7. April 2020 - 9:18

Трамп потпиша декрет за искористување ресурси од Месечината

Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша указ со кој се поддржува употребата на ресурси од Месечината и другите небесни тела.

Според Указот, „Американците треба да имаат право да спроведат комерцијално истражување, вадење и употреба на ресурси во согласност со важечките закони“.

Од правна и физичка гледна точка, вселенскиот простор е уникатно пространство за човечка активност и САД не сметаат дека е во јавен домен. „Политиката на САД треба да биде стимулирање на екстракција и употреба на вселенски ресурси од страна на јавни и приватни актери”, се вели во Указот, со кој се отфрла Договорот за активности, изведени од држави на Месечината и други небесни тела, усвоени од Генералното собрание на ОН во 1979 година.