Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека американските резерви на муниција се на историски максимум што аналитичарите го толкуваат како јасна порака до Техеран и светската јавност за воената моќ на САД.
Трамп тврди дека САД се подготвени за долготрајни операции доколку тоа биде потребно.
„Имаме практично неограничени резерви на муниција од средна и повисока средна класа. Војните можат да се водат ’засекогаш‘ и многу успешно користејќи ги само овие ресурси“, порача Трамп, додавајќи дека американското оружје е супериорно во однос на која било друга земја.
Иако призна дека резервите на најсофистицираното, „high-end“ вооружување сè уште не се на посакуваното ниво, тој нагласи дека САД поседуваат значителни резерви распоредени во сојузничките земји ширум светот.
Претседателот на САД исто така го критикува својот претходник Џо Бајден, обвинувајќи го за неконтролирано трошење на државните пари и слабеење на американските воени капацитети со испраќање помош за Украина.
„Поспаниот Џо Бајден му даде сè на П.Т. Барнум (Зеленски!) од Украина – вредност од стотици милијарди долари. Додека го подаруваше нашето најмодерно оружје бесплатно, не се потруди да ги обнови резервите“, напиша Трамп.
И покрај предизвиците на теренот и заканите кои доаѓаат од Иран по убиството на врховниот водач Али Хамнеи, Трамп ја уверува американската јавност дека војската е целосно подготвена.
„За среќа, ја обновив војската во мојот прв мандат и продолжувам да го правам тоа. Соединетите Држави се подготвени за голема победа“, заклучи тој во својата објава.
МИА
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
