Loading Video...
Свет
13. January 2021 - 17:08

Трамп: Смешна е постапката за мое отповикување

Се очекува Претставничкиот дом на Конгресот на САД  во текот на денот да го отповика  од функцијата претседателот Доналд Трамп, на само една седмица пред истекот на неговиот мандат. Но за негово отстранување од власт конечниот збор е на Сенатот.  Според аналитичарите тешко е дека импичментот ќе успее, но ќе има трајни политички последици по Трамп.  

Смешна е постапката за импичмент. Доналд Трамп тврди дека погетот на демократите ќе предизвика огромен гнев низ Соединетите држави.

Демократите сакаат да го симнат од Власт под обвинение за поттикнување на побуна и насилство, а се повеке  претставници на републиканската партија отворено  објавуваат дека ке ги подржат . Во документот со кој се бара отповикување на ТРамп , се цитира и 14 –от уставен член во кој се вели дека некој кој учестувал во востание или бунт против САД,никогаш веќе не смее да извршува јавна функција. Политичките аналитичари велат дека е тешко импичментот да успее но случајот може да заврши со тоа Доналд Трамп да биде спречен да учествува на идни американски претседателски избори.

Американскиот државен секретаовивувајќи се на еврор, Мајк Помпео, во последен момент ја откажа европската турнеја откако министерот за надворешни работи на Луксембург и високи претставници на ЕУ одбиле да се состанат со него. Причината како што обајви  „Ројтерс“ ппски и американски дипломати е минатонеделоното насилство  во Вашингтон кога приврзаниците на претседателот Доналд Трамп насилно упаднаа во Конгресот и при тоа загинаа 5 лица.