Свет
4. December 2020 - 8:32

Трамп собрал 207 милиони долари за оспорување на изборите

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп и Републиканскиот национален конгрес заедно собрале 207,5 милиони долари по претседателските избори во САД.

На изборите победи демократскиот кандидат Џо Бајден.

Трамп, меѓутоа, собирал финансиски средства за покренување правни постапки поради наводните изборни нерегуларности и измами, кои, како што наведуваат американските медиуми, не се поткрепени.