Свет
1. December 2017 - 23:32

Трамп: Тилерсон нема да биде отстранет од функцијата

Американскиот претседател Доналд Трамп наведе на неговиот Твитер налог дека државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон нема да биде сменет од функцијата. 

Трамп ги оквалификува како „лажни вести“, тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека Тилерсон ќе биде резрешен. 

Како што претходно јави МИА, „Њујорк тајмс“ објави дека Белата куќа подготвува планови да го отповика Тилерсон, а на негово место да биде поставен директорот на ЦИА Мајк Помпео.