Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја покрена воената интервенција против Иран и сè уште нема постигнато мир во Украина, денеска изјави дека треба да ја добие Нобеловата награда за мир, но призна дека се сомнева во своите шанси.
„Не знам каква ќе биде нивната одлука“, рече Трамп, говорејќи за наградата за 2026 година што Норвешкиот Нобелов комитет треба да ја објави утре.
„Познати се по тоа што можеби не им ја доделуваат на луѓе како мене“, додаде тој.
Откако минатата година се врати во Белата куќа, Трамп во повеќе наврати истакнуваше дека ја заслужува наградата, која важи за најпрестижната во светот.
„Време е за тоа. Но, за мене беше голема чест што последен пат ја добив посредно, од добитничка која рече дека никој во историјата не ја заслужува повеќе од претседателот Трамп“, рече тој пред новинарите во Овалната соба.
Венецуелската опозициска лидерка, Марија Корина Мачадо, во јануари му го врачи на Трамп нејзиниот медал од Нобеловата награда за мир за 2025 година, барајќи поддршка од САД за нејзините активности во Венецуела.
Трамп смета дека треба да ја добие наградата затоа што активно се вклучил во осум конфликти откако ја презеде функцијата во јануари минатата година.
Лидерите на Камбоџа, Израел и Пакистан изјавија дека го номинирале Трамп, иако тоа не е потврдено.
МИА
Ново на Сител
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
