Loading Video...
Свет
8. February 2023 - 16:37

Траорни сцени од погодените подрачја, бројот на жртви се искачи над 11.000

Плач и тага пред болницата во турската провинција Хатај каде се наредени десетици безживотни тела покриени со кебиња и  чаршафи.  Се идентификуваат телата на оние кои настрадааа во катастрофалниот земјотрес , кој однесе најмалку 9 000 човечки животи во Турција. Во Сирија бројката на загинати е околу 2000. 

27 годишниот Бекар од Алепо  го преживеал  потресот, но не  и неговото семејство.

-Зградата ни се сруши. Бевме 16 члено семејство, загинаа 13. Братот, едногодишната внука и јас се спасивме.

Властите во Турција и Сирија очекуваат бројот на загинати да расте бидејќи по илјадници  се уште се трага. Спасен живот меѓу урнатините и купиштата бетон им дава дополнителна сила на спасувачите  дека ќе успеат да пронајдат уште преживеани. Двегодишниот Мухамед успеал да преживеа речиси 45 часа под урантините во турскиот град Хатај . Спасувачите  пред да го извлечат од капаче му дадоа да се напие вода, а неговото лице се насмеа.

Ова сириски момче  успае да се сними под рушевините , надевајки се со помош на видеото  спасувачките екипи ке успеат да стигнат до него.

Два дена по земјотресот, турскиот претседател  посети дел од погодените подрачја. Жителите му се пожалија дека воопшто и не добиле никаква помош, а Ердоган им вети дека проблемите брзо ќе бидат надминати, а нов дом ќе добијат за една година. Потребната  помош  бавно пристигнува и во дел од погодените подрачја во Сирија контролирани од опозицијата, соопшти сириската Влада.