Македонија
25. January 2021 - 16:38

Тренер по џудо сексуално злоупотребувал девојчиња

46-годишниот прилепчанец Р.П. инаку тренер по џудо заработи 30 дневен притвор под сомнение дека извршувал други полови дејствија пред 3 малолетни ученички кои ги тренирал. Според истрагата тој ги допирал девојчињата, ги бакнувал, им влегувал со соблекувалните и им пуштал да гледаат порнографски материјали. Дел од овие дејствија се случувале пред и по тренинзите, но и еднаш на службено патување кога гостувале на натпревари надвор од Прилеп.

Истрагата продолжувала во насока да се открие дали можеби има уште обљубени девојчиња кои се плашат или се срамат да раскажат што им се случувало. 

Од Обвинителството не сакаат да откриваат повеќе детали само велат дека осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

Бранителот на осомничениот Жаре Стеваноски истакна дека истрата била во тек, станувало збор за доста тешко кривично дело. Според Стеваноски останувало нејасно зошто и јавното обвинителство и МВР одбиле полиграфско тестирање на осомничениот.

„Се уште истрагата е во тек, не би сакал да изнесувам други детали освен оние дека во текот на истрагата и во полициска постапка и пред јавниот обвинител беше инсистирано на полиграфско тестирање на осомничениот и не би додавал ништо повеќе бидејќи поради тоа што сериозно ги допира личните права на секој човек, па така и на осомничениот“, вели Жаре Стеваноски, адвокат на осомничениот.

Осомничениот мерката притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола.