Трет ден по ред училиштата во Чешка и во Словачка добиваат закани за поставени бомби
Трет ден по ред во стотици училишта во Чешка и во Словачка пристигнуваат закани за поставени бомби. – Заканата не смее да се потцени.
Сè уште важи дека не сакаме да интервенираме во училиштата бидејќи заканите ги сметаме за малку релевантни, соопшти чешката полиција.
Во Чешка денеска 490 училиште добиле предупредување додека во вторникот – 600, а вчера имало 400 закани.
Непознати лица прво се заканувале со подметнување пожар, а потоа дека се поставени бомби во училиштата.
Владата на Чешка на вчерашната седница дебатираше за заканите во училиштата, а се испитува дали заканите се дел од хибридната војна на Русија против Западот. – Не ја потценуваме ситуацијата.
Овој напад е без преседан и претходно сме виделе таков начин на работа во другите делови на Европа.
Целта на нападот е да се сее несигурност, страв и нервоза во општеството, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.
Согласно чешките закони, таквите закани се казнуваат со затвор до 15 години за кривични дела – закана со терористички напад или предизвикување паника.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
