Трет интернационален детски фестивал „Сонот на облачето“

Најмладата публика по трет пат ќе ужива во магијата на театарските претстави со сенки на 3-тиот Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“, што ќе се одржи од 23 до 25 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје.
Круме Стефановски, основоположникот на театарската група „Сенки и облаци“, изрази надеж дека програмата на фестивалот ќе понуди разни видови на театар на сенки, начини на игра и начин на пренесување на приказната до публиката.
На првиот ден на фестивалот ќе биде изведена претставата „Танцот на рацете“ на театарот „Sombras Chinas“ од Шпанија, спектакл кој мистично раскажува приказни одиграни со сенки од раце.
Публиката на вториот ден премиерно ќе има можност да ја проследи претставата „Нашиот штрк Силјан“, на театарот „Сенки и облаци“ од Македонија. Претставата е работена според народната приказна за Силјан штркот и зборува за одговорноста, работливоста и љубовта на Силјан кон своите најблиски во моговите на искушение.
Последниот ден од програмата на фестивалот ќе бидат изведени претставите „Волкот и трите прасиња“, на американскиот театар „Fierfly Shadow Theatre“ и „Новогодишната ноќ на едно девојчe“, на српскиот театар „Le Studio“.
Кетерина Стефановска, еден од организаторите на фестивалот, нагласи дека програмата содржи и нови активности како работилници, изложба на лампи и презентација на фигури.
На првиот ден е предвидена работилница за сенки со раце, раководена од Валериа Гуглиети, на која актерката само со движење на рацете и прстите на платно ќе презентира разни фигури, ликови и форми. На вториот ден е предвидена презентација на фигури за театар на сенки од Индија, Кина, Тајланд, Турција и Индонезија на гостинка од Америка Андреа Каспери.
- Оваа година се фокусираме на изложба на лампи со сенки. Пред еден месец имавме повик за уметници што ќе изработат лампи кои ќе бидат во функција на сенките. Производите од соработката ќе бидат изложени за време на фестивалот, а доколку некој изрази желба тие ќе бидат и продажни, рече Стефановска.
Организатор на фестивалот е „Сенки и облаци“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Македонија, Градот Скопје и Младинскиот Култирен Центар во Скопје. Билетите може да се набават на билетарницата на МКЦ по цена од 120 денари.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
