Loading Video...
Кошарка
1. August 2022 - 14:42

Трет пораз за кошаркарските „надежи“ на ЕП во Измир

Во елитната А дивизија на Европското првенство за кошаркари до 18 години што се одржува во Измир, Турција, машката јуниорска селекција на Македонија го претрпе и третиот пораз 
 
Откако избраниците на селекторот Тони Синиќ, во првото коло беа совладани од Израел, а вчера „демолирани“ од  врсниците од Франција со 57 поени разлика, денеска загубија и од Британците со 2 поени разлика односно конечни 69-71
 
Со три порази црвено-жолтите завршија како последно пласирани во А групата, па во осминафиналето ќе играат против најдобро рангираната селекција од Б конкуренцијата, а тоа најверојатно ќе биде Шпанија која вечерва важи за апсолутен фаворит во дуелот со Полска. 
 
Осминафиналните натпревари на програмата се во среда (3 август).