Loading Video...
Фудбал
16. October 2021 - 20:20
Три бода за Шкупи, нов кикс на Шкендија
Екипата на Шкупи оствари значајна победа на тешкото гостување во Кавадарци каде го совлада домашниот Тиквеш со 1-0.
Во Струмица и покрај водството од 1-0 со голот на Дориев Шкендија на крајот загуби со 2-1 откако домашните преку Мирчевски го свртеа резултатот во своја корист.
На останатите средби Ренова го совлада Пелистер со 2-0, Струга и Борец одиграа 1-1 додека најубедлива беше Брегалница која славеше со 4-1 против Македонија ЃП.
Вчера Работнички загуби од Скопје со 1-0.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->