Три илјади денари младински додаток, предвидува предложениот закон

Три илјади денари младински додаток ќе им се исплаќа на лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност.
Ова го предвидува Предлог-законот за младински додаток кој беше усвоен од Владата, а сега ќе биде доставен на усвојување во Собранието.
Со законот три илјади денари се предвидени и за младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и на млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување, соопшти Владата.
Целта на законот за младински додаток е поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование, со што ќе се придонесе за подобрување на нивниот животен стандард и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.
Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот раст на економијата, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст и развој во Република Северна Македонија, се додава во соопштението.
-Воведуваме Младински додаток, 3.000 денари месечно, за сите млади во производна дејност! 3.000 денари исплата на лична сметка на сите млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица ангажирани кај работодавач од производствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и на млади земјоделци со социјално осигурување, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил во врска со оваа мерка.
Нагласи дека со неа се поттикнува вработување на младите лица во производство по завршување на средното образование и додаде дека оваа мерка ги задоволува и потребите на работодавачите за квалификувана работна сила. -Создаваме силна економија во која постои шанса за сите млади луѓе, напиша Заев.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
