Свет
3. December 2015 - 14:13

Три воени фрегати на НАТО минаа низ Дарданелскиот Проток

Три воени фрегати на НАТО минаа денеска низ Дарданелскиот Проток, објави на Твитер истанбулската мониторинг служба „Босфорс нејвл њуз“, која ги следи сите движења на воените бродови преку турските премини. 

Прикажани се и фотографии на трите бродови како го минуваат Протокот. 

Во соопштението не се прецизира во која насока се упатиле бродовите - канадската фрегата „Винипег“, шпанската „Блас де Лезо“ и португалската „Дон Франсишку де Алмејда“.

Во соопштението се додава дека денеска во Црното Море со цел „гарантирање на мирот и стабилноста“ ќе мине американскиот ескадрен миноносец „Рос“.