Македонија
17. September 2021 - 16:34

Трибина 30 години независна Македонија - ги научивме ли грешките од минатото

Дебатата во Владата посветена на 30 години од независноста на иста маса ги собра дел од главните актери во историските настани кои ја формираа македонската држава.  Домаќинот, премиерот Заев , констатираше дека земјава ги научила лекциите од минатото, но предизвиците остануваат.

Првиот претседател на Собранието Андов ги сподели моментите на усвојување на Декларацијата за независност во 1991 година.

Државата помина низ многу тешки периоди и оспорувања, истакна екс министерот Фрчковски, а политичката елита требаше да да покаже дека е  одговорна  и има контрола, а во истпо време и да го  зачува идентитетот.

-Посебно со Грција беше жестоко, издржавме две блокади со Грција, единствено отворена граница беше со Бугарија, две ембарга да не ве фрлат на колена, државата и во тие услови добива силна самодоверба. И нормално учење геостратегија на мала земја, наоѓање стратешки партнери, начинот на којшто играте по правилата во меѓународните односи, учите демократија во една земја што не била демократска и која нема демократска традиција, заклучи Фрчкоски.

Бившиот премиер Георгиевски констатираше дека желбата за независна држава во деведесетите беше посилна од дилемите и стравот од отцепување од Југославија.

Едно е јасно ако таа самостојна и независна Македонија не беше поддржана од сите фактори во таа 90 година, макар дури и пасивно, а не со отпор, Македонија немаше да биде самостојна држава. Значи, имало голема желба кај сите структури независно дали се етнички, политички или идеолошки различни.

Бившиот министер за финасии Хајредини предупреди дека настаните од минатото како Пржинскиот догвор се уште имаат последици во сегашноста...

И екс министерот Малевски, зборувајки за скромните почетоци на македонското МНР со 40 вработени критички се осврна на актуелната сотојба во министертвото.