Кошарка
1. August 2020 - 9:17

„Трилер“ победи на Хјустон и Портланд

Иако само втор ден како е рестартувана НБА лигата, но екипите потврдуваат дека се во одлична форма, а неизвесните натпревари најавуваат жестока борба за и во плејофот. 
 
Два од петте натпревари одиграни во НБА лигата завршија по дополнителни пет минути, односно продолженија. 
 
Најефикасниот меч го одиграат Хјустон и Далас во кој „ракетите“ иако имаа негатива од седум поени разлика на 45 секунди до крајот на регуларниот дел, сепак на крајот остварија победа по продолжението со 153-149. 
 
Џејмс Харден беше прилијантен на овој натпревар, а покрај 49-те поени оствари и 9 скокови и 8 асистенци, додека Расел Вестбрук на 31 поен додаде и 11 асистенции и 8 скока. 
 
Трипл-дабл учлинокот на Лука Дончик со 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции, како дабл-даблот на Летонецот, Порзингис со 39 поени и 16 скокови, не беа доволни Далас да избегне пораз
 
Дополнителни пет минути одиграа и кошаркарите на Портланд и Мемфис во мечот во кој „треилблејзерси“ славеа победа со 140-135 и тоа предводени од Мекалум со 33 и Лилард со 29 поени и 9 асистенции. 
 
Во дербито на Источната конференција, Милвоки го совлада Бостон со 119-112, а најзаслужен за оваа победа на најдобриот тим во лигата досега, беше Јанис Антетокумпо со 36 поени и 15 скока.
 
Највисоката победа и тоа со само 13 поени разлика ја забележа Вашингтон кој со 125-112 го совада Феникс.
 
На останатите Орландо беше подобар од Њу Џерси со128-118, додека Сан Антонио го совлада Сакраменто со 129-120.