Тринаесет угостителски објекти затворени во акција на МВР, УЈП, пазарната и трудовата инспекција

Тринаесет угостителски објекти се затворени во Скопје во синоќешната заедничка акција на Полицијата, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен иснпекторат и Инспекторатот за труд.
Како што информира денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски, акцијата е спроведена врз основа на претходно изготвени анализи и оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските проиписи за работното време, точење алкохол на малолетни лица, неиздавање на фискални сметки и слично.
- МВР во соработка со УЈП, Државниот пазарен иснпекторат и Инспекторатот за труд синоќа од 22 до четири часот преземаа мерки и активности за контрола на угостителските објекти по сите основи при што беше извршена контрола во вкупно 24 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје. Во осум од нив е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолентици, двајца за користење наркотични средства, а двјца за утврдување идентитет. Поради утврдени неправилности затоврени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти, рече Ангеловски на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека СВР Скопје спровела и зајакната акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. При тоа, како што кажа Ангеловски, алкотестирани се вкупно 272 возачи од кои кај 102 е уттврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и 49 други прекршоци за што се издадени 12 мандатни и 37 прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
