Тројца Американци добитници на рекордниот џекпот од 1,5 милијарди долари
Тројца Американци ќе ја поделат рекордната премија од 1,5 милијарди долари од последното извлекување на лотаријата на САД.
Претставник на лотаријата изјави дека трите тикети со добитната комбинација од бројки се продадени во три различни сојузни американски држави - Калифорнија, Флорида и Тенеси, но засега се знае само дека еден од тикетите е продаден во едно од предградијата на Лос Анџелес.
Добитниците на премијата може веднаш да поделат сумата од 937 милиони долари или да го добијат целиот износ од својот дел од добивката во годишни рати во следните 29 години.
Премијата од 1,5 милијарди долари речиси сигурно темелно ќе им го измени животот на нејзините добитници, но голема е заработувачката и на државата, која како данок ќе наплати 39,6 отсто од добивката.
Ова е досега убедливо најголемата премија на американаката лотарија во историјата на САД. Претходно, рекордната премија беше извлечена во март 2012 година, кога изнесуваше 656 милиони долари.
Рекордниот џекпот се создаде, затоа што добитник на главната премијата немаше уште од 4 ноември. Тоа предизвика, во текот на вчерашниот ден и во последните часови пред извлекувањето, да се формираат долги редици во кои илјадници Американци настојуваа да уплтат тикети за да учествуваат во извлекувањето.
Во американаката лотарија не учествуваат шест од 50 сојузни држави на САД, па тоа предизвика многумнна да патуваат со часови, од државата каде нема лотарија, до некоја каде таа постои, за да учествуваат во трката по премијата.
Во Алабама, Мисисипи и Јута, нема лотарија од религиозни причини. Во извлекувањето не учествуваат ниту Аљаска и Хаваји, додека Невада нема лотарија, со објаснување дека таму се лоцирани најголемите казина во светот.
Ново на Сител
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?
-
Совети за стомачните грчеви кај бебето
-
35-годишен маж од Тетово си ја заклучувал и тепал сопругата