Македонија
24. March 2020 - 11:07

Тројца полицајци позитивни на Ковид-19

Тројца припадници на полицијата се позитивни на вирусот Ковид-19, дознава Алсат. 

Засега сѐ уште нема официјални податоци од која полициска станица се заболените.

За потсетување, според податоците објавени на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, најмладиот пациент во Македонија заболен од коронавирус е двегодишно дете, а најстариот пациент има 91 година.

Во деталниот дневен извештај на Институтот за јавно здравје, пишува дека „возраста на заболените се движи од 2 до 91 година (просек 42,2 години), а најголемиот број заболени (23 проценти) се на возраст од 30 до 39 години“.

Од вкупниот број заболени од коронавирус во државата, 136 лица, повисок е бројот на женските лица, односно 66 се мажи, а 70 се жени.