Тројца загинати и стотина повредени во вчерашното торнадо во Тексас
Бројот на жртвите од торнадото што вчера го погоди градот Перитон во американската сојузна држава Тексас се искачи на три лица, а бројот на повредени е меѓу 75 и 100, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на локалните власти.
Според ТВ каналот, има уништени и оштетени куќи. Телевизијата Еј-Би-Си објави дека во Перитон нема струја. Вкупно 50.000 домови се без струја во Тексас и Оклахома.
Националната метеоролошка служба во Амарило потврди дека торнадото ја погодило оваа област вчера попладне.
Шефот на пожарникарите на Перитон, Пол Дачер, за Еј-Би-Си изјави дека торнадото директно удрило на паркинг полн со возила.
Локални медиуми јавија дека најмалку 100 луѓе побарале помош во болницата.
Торнадото вчера навечер се префрли југоисточно низ државата Оклахома. Можно ново предупредување за торнадо е издадено во областа Оклахома Сити.
Ново на Сител
-
Успешна ендоскопска трансназална операција на државната неврохирургија
-
Детали од МВР за вчерашната сообраќајка кај Мислешево
-
Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година
-
Скршени и откорнати клупи, расфрлан отпад, вандализиран „Жена парк“ во центарот на Скопје
-
Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година
-
Жените недоволно застапени во високото образование
-
Рама за апсењето на Велиај: Го одведоа од канцеларија и го затворија во ќелија без судење, го оставија градот без „глава“
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени пет лица мигранти