Трошоците на живот во јули пораснале 0,8 отсто
Трошоците на живот во јули бележат раст од 0,8 отсто во однос на јули лани, а цените на мало 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во јули 2019 година, во однос на претходниот месец, има раст од 0,2 отсто, а индексот на цените на мало за 1,1 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4,8 отсто, маслото и маснотиите за 2,1 отсто, лебот и житата за 1,7 отсто, другите млечни производи за 0,6 отсто, житата за 0,4 отсто, трбушките, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи за 0,3 отсто, месото, свежата и разладената риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, другите прехранбени производи за 0,2 отсто.
Во јули 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 25,4 отсто, информатичката опрема за 7,8 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 4,7 отсто, услугите за сместување за два отсто, автомобилите за 1,5 отсто, велосипедите за 1,3 отсто, другите медицински производи за 0,7 отсто, лековите за 0,5 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,4 отсто, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите покривки за под за 0,3 отсто, средствата за чистење и одржување на станот, другите услуги за опремата за сопствен превоз, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за седум отсто, другите пекарски производи за 0,3 отсто и јајцата за 0,2 отсто.
Ново на Сител
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите