Туск: Мигрантите под надзор до 18 месеци пред да добијат дозвола за влез
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека бегалците, кои пристигнуваат во Европа, пред да им биде одобрен влез, би требало да бидат задржани до 18 месеци во прифатните центри, со цел во тој период да може да се провери дали претставуваат терористички и безбедносен ризик.
- Доколку сакате да ги надгледувате мигрантите и бегалците, потребно ви е повеќе време од една минута земање отисок од прст. Во меѓународното право, како и во европските закони го има тоа правило од 18 месеци, како време за надзор кое ни е потебно, рече Туск во интервју за британскиот весник „Гардијан“ и за уште пет европски весници.
Туск оцени дека таквата контрола би ја намалила и подготвеноста на бегалците и мигрантите да заминат на макотрпниот пат кон Европа.
- Денес пристапот до Европа едноставно кажано е мошне лесен, изјави поранешниот полски премиер.
Ново на Сител
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври