Македонија
21. October 2018 - 13:29

Уапсен Албанец на преминот Табановце

Апсење на граничниот премин Табановце. Како што информираат од МВР, вчера во 07,55 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија при извршена пасошка контрола на лицето Ј.П.(22) од Албанија било констатирано дека на неговата патна исправа била прелепувана дел на страница од друга патна исправа, со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите членки на ЕУ.

Лицето е приведено и заедно со патната исправа било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.