-->
-->
Уапсен еден малолетник осомничен за лажната терорстичка тревога во Париз
-->

Два дена по лажната тревога за терористички напад во една црква во центарот на Париз, кој предизвика движење на паника и интервенција на силите на редот, полицијата уапси еден малолетник на возраст од 16 години, јавува дописникот на МИА од Париз.
За лажната тревога одговорноста ја презедоа, односно се пофалија на социјалните мрежи двајца малолетници. Едниот од нив под псевдоним Закхаев Јамаха на Фејсбук се фалеше дека тој го напаравил тоа, пред да го исклучи својот профил.
Двајцата беа интервјуирани од повеќе француски медиуми и нормално е што полицијата успеа да стигне до нив. За давање на лажна тревога се предвидени казни затвор до две години и парична казна до 30.000 евра, според кривичниот закон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
