Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
Мажот кој вчера наутро се качи на долниот дел на кулата Елизабета на која се наоѓа Биг Бен во Вестминстер, се симна по 16 часа и беше уапсен, соопшти денеска британската полиција.
Тој вееше палестинско знаме и извикуваше „слобода за Палестина“, пренесоа британските медиуми.
– Соработувавме со други агенции, вклучително и лондонската противпожарна бригада, и распоредивме специјални полицајци за да го завршиме овој инцидент што поскоро, притоа минимизирајќи го ризикот по живот, рече портпаролот на полицијата.
Екипата за итни случаи се качи со помош на кран за да преговара со човекот.
На снимката што ја објавија британските медиуми, преговарачите на платформата изразуваат загриженост за повредата на неговите стапала, велејќи дека има „прилично многу крв“ и дека неговата облека не била доволно топла по заоѓањето на сонцето.
Но, мажот тврдеше дека е безбеден, истакнувајќи дека ќе се симне „по свои услови“.
Службите за итни случаи го затворија Вестминстерскиот мост поради инцидентот, а посетите на Парламентот беа откажани, јави Скај Њуз.
Сите улици се повторно отворени откако мажот беше уапсен, додаде полицијата.
Ново на Сител
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода