Македонија
22. February 2020 - 12:38

Уапсен пијан велешанец, скршил таблата со натпис „Република Северна Македонија“

Утрово во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.