Македонија
4. January 2026 - 13:42

Уапсена 36-годишна жена од Демир Капија, си го истепала сопругот

Полициски службеници од ОВР - Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додадоа оттаму.

 

МИА