Loading Video...
Свет
28. May 2022 - 16:28

Ученички протести во САД за построги закони за контрола на оружјето

Учениците во САД синоќа и денеска излегоа на околу 200 протести во училишните кампуси низ целата земја. Повикаа на построги закони за контрола на оружјето. 

Во вторникот, во гратчето Увалде, во сојузната државата Тексас беа убиени 19 ученици и две наставнички во основното училиште Роб.

Напагачот, 18 годишен средношколец оружјето што го користел во нападот го купил легално. Жителите на Увалде и денеска ја обвинија полицијата дека премногу време им требало за да упаднат во училиштето и да се справат со напаѓачот. 

40 минути имало растојание од пристигнувањето на полициската единица во улилиштето до моментот кога решила да делува.