Македонија
8. February 2023 - 16:33

Учениците од МИГ на протест, досегашните наставници незадоволни од постапката за вработување

Гимназијалците од МИГ втор ден ја бојкотираат наставата. Реагираат на изборот на наставниот кадар и нивната стручност. Го бараат квалитетот кој им е гарантиран со закон. Сметаат дека со новоизбраните професори нема да го добијат квалитетот на настава кој им е потребен за подготовка на натпреварите по стручните предмети.

На конкурсот кој траел само три дена и не бил доволно транспарентен примени се професори од приватни факултети а професори од ФИНКИ се одбиени без образложение.

Овие професори биле и  иницијатори за формирање на гимназијата која ќе понуди специјализирана настава за најталентираните. За нив материјалниот надомест не е предизвик.

Директорката не беше ниту денеска достапна за одговори на медиумите. Од МОН соопштија дека бил распишан јавен оглас и изборот е извршен соглано критериумите. Пропуштените часови кои ги реализираат стручните лице ќе бидат надоместени велат од министерството.