Џет-Сет
22. March 2016 - 16:49

Учесничката во ТЛЗП во шок: За влакно го избегнав терористичкиот напад!

Катарина Остојиќ Каја учесничка на 3 сезона на ТЛЗП е во шок зашто, како што вели, вчера долетала во Белград од аеродромот во Брисел, на кој утрово се случи терористички напад со многу жртви.
 
- Уште сум во шок. Не можам да поверувам што се случи.. Вчера бев на истиот аеродром зашто патував од Брисел за Белград. Моите се добро, фала на Господ, вели пејачката која за викендот отишла во белгисдката престолнина, за да ја посети ќерката Николина и сопругот Џуниор Џек.
 
Во Брисел моментално се наоѓа и братот на Каја заедно со неговата девојка.